 |
Базалт е вулканска карпа
која во себе содржи магнетит. Поради својата цврстина и отпорност се
користи како градежен материјал, најчесто за изградба на патишта.
Проектот БАЗАЛТ има за цел да изгради нови патишта и да привлече нови
посетители на неколку значајни веб сајтови. Овие веб страници ќе бидат
значајни затоа што ќе претстават познати и млади автори од македонската уметничка
сцена. Во
јануари-февруари 2005 ги објавивме веб сајтовите на
Богомил Ѓузел,
Матеја Матевски,
Мизар и
Коле
Чашуле, а во ноември 2005 веб сајтот на
Никола Кокан Димушевски.
Понатаму, планираме да ги изработиме веб сајтовите на Влада Урошевиќ,
Томислав Османли, Никола Маџиров, Јовица Ивановски,
Калдрма...
Секој од овие автори досега создал трајни белези во македонската култура.
Како такви, сметаме дека овие автори мора да бидат претставени на
интернет, како нов масовен медиум. При изборот на авторите, Културна
установа „Блесок“ се раководи од достапноста на материјалите во
електронски формат, како и од заинтересираноста на авторите за вакво
претставување.
На проектот БАЗАЛТ ќе му се
приклучат и веќе постоечките веб сајтови на
Луан Старова,
Катица Ќулавкова,
Кисмет,
Игор Исаковски,
Мирослав Масин.
Културна установа „Блесок“, иницијатор и изведувач на проектот, ја има
согласноста на сите наведени автори за вакво нивно презентирање.
Добредојдени се сите македонски автори кои сакаат да ги
приклучат своите веб сајтови кон БАЗАЛТ. Критериуми за приклучување на
постоечките веб сајтови кон БАЗАЛТ се: дизајнот на веб сајтот,
неговата содржина и делата со кои авторот е претставен.
Во следните години, сметаме дека бројот на вака претставените автори ќе се
зголеми, а истовремено и ќе се надополни со дејци од другите уметности:
театар, филм, ликовни уметности, итн., односно актери, режисери,
фотографи, сликари, скулптори, итн.
Генерално, секој од овие веб сајтови ќе содржи: извадоци од делата,
осврти за делата, новости за авторот, био-библиографски податоци,
фото-галерија и оддел за пребарување. Текстовите ќе бидат објавени на
повеќе јазици, а навигацијата низ секој сајт ќе биде решена на
македонски и англиски, со отворена можност да се додаваат и други.
Некои од сајтовите ќе содржат и аудио и видео материјали, како и 3D
објекти.
Во 2007/2008 ќе бидеме подготвени сите овие веб сајтови да ги
објавиме на еден мултимедијален CD-ROM, кој ќе содржи многу текстови,
осврти, фотографии, како и други мултимедијални содржини. |